ВМРО-ДПМНЕ: Единствено нешто што направи оваа влада е што успеа со ора и чочеци да го пушти патниот правец Демир Капија-Смоквица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единствено нешто што направи оваа влада е што успеа со ора и чочеци да го пушти патниот правец Демир Капија-Смоквица, кој целосно беше направен од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Сите проекти во областа на инфраструктурата се проeкти на ВМРО-ДПМНЕ кои СДСМ упеа само да ги закочи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Автопатот Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, исто како и експресните патишта Градско-Дреново, Штип-Радовиш, Штип- Кочани и Ранковце – Крива Паланка се проекти на ВМРО-ДПМНЕ, кои во различна фаза на реализација беа оставени за дореализација. СДСМ наместо да продолжи три години ја развлекуваше нивната изградба, стои во партиската реакција и се додава:

„Граѓаните сето ова го увидоa и знаат дека СДСМ не работи ништо. Ниту еден граѓанин во државата не гледа ниту метар од новите 500 километри автопат којшто СДСМ ги вети. Мора да се стави крај на овие лaги и maнипyлации од страна на СДСМ. Оваа Влада на СДСМ мора веднаш да си замине од власт“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This