ВМРО-ДПМНЕ: Екcпepтитe пoтвpдиja дeкa дpжaвaта тpoши двojнo пoвeќe oткoлкy штo пpoизвeдyвa cтpyja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експертите потврдуваат она што ВМРО-ДПМНЕ предупреди за енергетска криза, државата троши двојно повеќе отколку што произведува струја, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Власта не е способна да ги менаџира енергетските капацитети на државата. Во изминатиов месец производството е само половина од потребите. Другата половина се покрива со увоз и повлекување од заедничката европска мрежа што е недозволиво за редовни ситуации.

Оваа неспсобност и екскурзија на власта ќе ја платиме со 15 милиони евра само за месец октомври, кажа директорот на МЕПСО. Македонија има опасност доколку оваа неспсобност продолжи да се соочи со енергетска криза во зимскиот период пред нас.

Предупредуваме за да не биде предоцна. Веднаш да се формира кризнп тело кое ќе ја разгледа ситуацијата и ќе предложи решенија. Државата, граѓаните и стопанството не смее во 21 век да останат без струја“ додаваат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This