ВМРО-ДПМНЕ Е ЗАЕДНО СО НАРОДОТ: ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на националните интереси заедно со народот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска е гостин во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија. Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен став дека нема да поддржи промена на Устав со цел промена на уставно име.

-Ниту имало, ниту има, ниту ќе има пазарења кои што се надвор од нашите принципи. Ниту јас ќе си дозволам да влезам во било какви пазарења, преговори кои што се надвор од принципите на политичкото делување на ВМРО-ДПМНЕ. Така што, тука би апелирал и до македонската јавност, но и до граѓаните на Република Македонија, дека ВМРО-ДПМНЕ била и останува заштитник на македонските национални интереси. Така било во минатото, така ќе се однесува сега и во иднината, изјави Мицкоски.

Тој кажа дека има притисок врз ВМРО-ДПМНЕ да се застане и остане на браникот на одржување на националните интереси на Република Македонија. Мицкоски напомена дека тоа и го очекувал, бидејќи граѓаните на минатите избори не го дале гласот за СДСМ за ваков капитулантски договор, кој како што кажа лидерот на опозицијата го немало ниту во нивната програма.

-За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ било, е и ќе остане принципиелно и на своите првични ставови кои што се непроменливи од самото нивно дефинирање. Но, гледаме тоа не е случај за жал со СДСМ, каде што ставовите некогаш се менуваат и неколкукратно на ден, изјави Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This