ВМРО-ДПМНЕ Е ЗА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, ВЕДНАШ: Не може еден човек да одлучува за името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека потребна е лидерска средба за името, на која освен преговарачите во случајот, премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествуваат и лидерите на политичките партии и претседателот на државата.

Тоа што Зоран Заев одбегнувал лидерска средба одава впечаток дека нешто се крие од јавноста. Дотолку повеќе што не се кажува вистината кога се вели дека навремено информирале за деталите од разговорите, нешто што еве се докажува дека и овој пат не е вистина.

Од ВМРО-ДПМНЕ инсистираат за таков вид на транспарентност. Зоран Заев нема монопол за одлуката врз прашање кое подеднакво ги засега определените, но и оние кои политички не заземаат страна, поточно се однесува на сите граѓани на Република Македонија.

-Ако нема што да крие, тогаш Заев ќе прифати лидерска средба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Засега оправдувањето на владата дека немало лидерска средба затоа што било тешко усогласувањето на термините, не држи, бидејќи од ВМРО -ДПМНЕ додаваат дека досега никој не стапил во контакт со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, за да договори термин за лидерска средба.

Како што е познато Мицкоски ја прекина посетата на дијаспората во Италија и побара лидерска средба. Тој в среда ќе учествува на самитот на Европската народна партија, што ќе се одржи во Софија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This