ВМРО-ДПМНЕ Е ЛЕКОТ ЗА ОВА ЦУНАМИ: ВМРО било Македонија, ВМРО е Македонија и ВМРО секогаш ќе биде Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Има една култна реченица во „Црно семе“ на Ташко Горгиевски, подоцна преточена во легендарна реплика на големиот Ристо Шишков, кој седејќи пред очите на мајорот кој го принудува да пеат песни, вели: „Да пееме, господине мајоре, само која песна, вашата или нашата“. И еве сега во миговите кога Македонија поново се наоѓа пред еден крстопат, можеби најважниот во нејзината понова историја. Велам, да ја пееме нашата, повика Христијан Мицкоски од Струмица, каде што се одржа вториот од најавените протестни маршови низ државата.

-Ова се историски мигови за нашата земја, времиња кои преку нашите потези не опишуваат она што сме и какви сме. Да покажеме ние Македонците но и сите останати, кои сме и што сме, и како што отсекогаш низ историјата сме биле мудри и достоинствени.

Мицкоски е свесен дека очите на народот се вперени кон ВМРО-ДПМНЕ, затоа што луѓето имаат надеж и силно знаат дека неговата партија е опцијата која може да го стопира ова цунами.

-ВМРО-ДПМНЕ е лекот за ова цунами.

На оние кои сакаат да ја видат разедината партијата Мицкоски им порача дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посплотено

-ВМРО било Македонија, ВМРО е Македонија и ВМРО секогаш ќе биде Македонија, затоа што народот и неговите автохтони идеи и интереси се нашите создавачи, поддржувачи и нашата иднина! Додека постои ВМРО ќе пости Македонија, и обратно! Бесцелни се обидите да не класифицираат како леви, десни, граѓански, прави, криви. Ние сме левичари кога се работи за работничките права, десничари кога се работи за националните интереси, либерали во економијата… ВМРО-ДПМНЕ постоела низ историјата прво како организација пред да стане партија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This