April 19, 2024, 10:46 pm

ВМРО-ДПМНЕ е најбројна пратеничка група во Собранието на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ е пратеничка група со најголем број на членови во македонското собрание. СДСМ се избори за мнозинство од како на изборите настапи заедно со БЕСА, но денес четворицата пратеници на БЕСА соопштија дека ќе дејствуваат како независни.

Со тоа Коалицијата на СДСМ „Можеме“ наместо како досега со 46 пратенички места, остана со 42 пратенички места.

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ имаат цврста коалиција „Обнова за Македонија“ со 44 пратенички места во македонското Собрание.

Инаку денеска Економски Лидер објави документ кој покажува дека Беса го известува претседателот на Собранието Талат Џафери дека ја напушта пратеничката група на СДСМ.

„Ве информираме дека долунаведените пратеници кои досега настапувале во парламентарната група „Можеме“ , сега ќе настапуваат како група на пратеници на Партијата движењето Беса“, стои во дописот кој е испратен на 14 ти месецов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This