April 24, 2024, 10:26 pm

ВМРО-ДПМНЕ Е ПОСЛЕДНИОТ БАСТИОН НА МАКЕДОНИЗМОТ: Слугите на Заев и Вице, впрегнати во нечесната борба против ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За жал градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев не знае што значи да се биде опозиција, па ширум медиумите и во јавноста се почесто го гледаме во друштво на владини претставници на СДСМ .

Јанчев ќе остане запаметен дека заедно со уште неколку поранешни функционери на опозицијата беше клучен при ,,убедувањето” на одметнатите пратеници да го дадат својот глас за Северна и протуркувањето на уставните измени во замена за бенефеции. ,,Убедувањето” на пратениците се одвивало преку разни yцeни, зakaни и пpитиcoци, а биле ветувани милиони евра паричен надомест и ослободување од затвopcки kaзни. Повеќе од чигледно е дека Јанчев одработува за Зоран Заев и СДСМ. Во неколку наврати Инфомакс предупредуваше за удбашките методи и завери кои се припремаат во ВМРО-ДПМНЕ за негова конечна и тотална дисолуција.

Токму во овој правец е и моменталното делување на градоначалникот на Кавадарци кој на терен работи за уништување на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Зоран Заев, а како кец на десетка се појавува и ,,искомплексираниот” министер за надворешни Никола Димитров кој не е член на ниту една партија, а по идеолошко убедување се декларира како десничар.

Токму декларираниот десничар и соработникот на странски тајни служби Димитров се планира да биде на чело на новата контролирана опозициja од која ќе е дел и Јанчев. Новата десничарска партија е во план набрзо да се формира и да се обиде да зададе удар на ВМРО-ДПМНЕ.

Да се потсетиме дека аналитичарот Љупчо Ристовски во дебатната емисија Само Вистина на Канал 5 телевизија во јавноста изнесе скандолзни сознанија за бугарскиот план за асимилација на Македонците овој пат од внатре во државата. Ристовски тогаш посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е последниот бастион на македонската идеја, и дека бугарските служби на Каракачанов со заедно со помош од Љубчо Ѓорѓиевски и кланот Димитрови ќе направат се да го сринат во корен!

-Ќе се соочуваме со многу премрежја. Ако асимилацијата досега била од надвор сега ќе ни влезе внатре еве за ваша информација, јас ја соопштив таа информација и на Мицкоски. Бугарските безбедносни служби преку Каракачанов, преку Љубчо Ѓорѓиевски и кланот Димитрови и уште некој други лица со огромни пари влегуваат и ќе прават пресврт во ВМРО-ДПМНЕ да го вратат на Ванчо Михајловистичките корења. Во Македонија. Значи сега ќе отпочне еден таков процес затоа што е проценето дека ВМРО е последниот бастион на македонската идеја и тој треба да се срине во корен. Дали се спремни ВМРО-ДПМНЕ или не на овој предизвик, не знаеме, заклучи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This