ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е прочитана книга, му помина времето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неработникот Жерновски е веќе прочитана книга кај граѓаните на Центар. Тие веќе не му веруваат на неговите лаги, интриги и политиканство. Жерновски е прв во редот на градоначалниците кои не направиле ништо за својата општина, рече Илијовски од ВМРО-ДПМНЕ.

1_00-0Boemska-ulica-prv-del-2

Помина времето на слаткоречиви политичари кои многу ветуваат, а ништо не работат. Ова треба да му биде јасно на неработникот Андреј Жерновски кој ја заборави својата предизборна програма и ветувањата содржани во неа. Жерновски во својот мандат безброј пати покажа и докажа дека не му се важни граѓаните и нивните реални потреби и проблеми. Жерновски ги изневери центарци.

Ова го истакна Илија Илијовски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Центар и советник во Општина Центар на прес-конференцијата што ја одржа денеска на малиот плоштад „Јадран“ во општината.

Тој рече дека Жерновски, додека си прави прескапи забави и боемски улици, граѓаните се натрпани со реални потреби како што се, немање училишта, градинки, немање реновирани и убави улици, ниту пак паркинг место каде што може да се паркираат.

Доколку мисли дека граѓаните ги заборавија неговите ветувања, Жерновски се излажал. Граѓаните не забораваат, а сега и ќе го потсетат што ветуваше, а никогаш не оствари за време на својот мандат. Во однос на колективното домување, Жерновски ветуваше дека во станбените згради ќе обезбеди редовен преглед и одржување на лифтовите и ќе набави противпожарни апарати во влезовите и надворешно осветлување, но никогаш од ова ништо не беше исполнето – рече Илијовски.

Тој потсети и на ветувањата на Жерновски за формирање општински совет за мал бизнис, формирање на бизнис центри, оформување на микро бизнис инкубатор, како и целосно уредување на дворовите за сите детски градинки, и бесплатна чаша млеко или парче овошје за секој ученик.

Жерновски прес за бомби

– Вети поставување 20 мини чешми низ цела Општина, кои никогаш не беа поставени, а веќе постоечките воопшто не се одржуваат. Неработникот Жерновски е веќе прочитана книга кај граѓаните на Центар. Тие веќе не му веруваат на неговите лаги, интриги и политиканство. Жерновски е прв во редот на градоначалниците кои не направиле ништо за својата општина и за своите граѓани и единствено ќе биде запаметен по Боемските улици и скапите Ди-џеи – рече Илијовски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This