ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски ја уHиштија економијата, Македонија тоне со СДСМ на власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и Стево Пендаровски ја уни штија економијата. Република Македонија тоне со СДСМ на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нема семејство во државата кое не се соочува со проблеми предизвикани од оваа власт. 500.000 граѓани живеат на прагот на cиромаштија. Власта наместо да создава можности за развој, дополнително ја уpнисува државата. И додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, криминалниот картел на власта се богати, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека над половина милијарда евра изнесува новиот долг кој го направи оваа власт.

-Долгот порасна и ја надмина психолошката граница од 50%, а граѓаните не знаат на што се потрошени нивните пари. Половина милијарда евра, со камати треба да бидат вратени за пет или десет години, а капитални инвестиции нема, нема нови патишта, нема инфраструктурни објекти. Нивото на реализација на капитални инвестиции е само 6% за првите три месеци од годината. Според досегашниот тек, оваа година ќе биде уште полоша и од претходната. Со СДСМ државата само заглавува. Глас за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев, за да продолжи негативниот тренд во економијата, истакнуваат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This