ВМРО-ДПМНЕ: Заев пpитискa за избори на кои наместо гласови ќе броиме пoчинaти и зaрaзeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Македонија ги брои новозаразените и починатите, наши сограѓани со име и презиме со семејства и пријатели, за СДСМ и натаму најважна е политиката, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и натаму притиска за избори на кои наместо гласови и гласачи ќе ги броиме починатите и заразените од новиот коронавирус.

Брзите избори не се решение во држава во која има највисока стапка на смртност од опасниот вирус во регионот, во која има најголем пораст на новозаразени и во која се уште хара епидемија.

Заев и СДСМ единствено ги интересира власта и фотелјите, здравјето на граѓаните е на последно место. Доказ дека здравјето на граѓаните им е најмалку важно е на здравствен план кое им го приредија на граѓаните.

За негрижата за здравјето на граѓаните и неспособноста на власта следува казната од граѓаните зад гласачкиот параван“ – порачуваат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This