April 19, 2024, 10:59 am

ВМРО-ДПМНЕ: Заев јавно да соопшти каде планира да вдоми 150.000 мигранти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неспособното и лицемерно раководство на СДС, на чело со Зоран Заев и Мила Царовска наместо да се кријат зад бледи соопштенија и да ги блокираат  референдумите за изјаснување за трајното населување на мигрантите кои ги  иницираа граѓаните, треба храбро да излезат и да соопштат зошто преку државниот инспекторат за локална самоуправа кој е владина институција го забранија оваа демократско право на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата го повикаа Зоран Заев  и СДСМ јавно да соопштат каде планираат, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, да ги вдомат и вработат 150.000 мигранти за кои прифатиле обврска да ги населат во Република Македонија.

„Доколку СДС мислат дека трајно населување на мигранти е исправна владина одлука и стратегија, зошто не дозволија на граѓаните преку референдум, кој ќе биде организиран заедно со локалните избори, на еден трошок, да кажат што мислат за ваквото погубно решение на владата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, вдомувањето на мигрантите, ќе направи дополнителен притисок врз висината на платите, па така наместо да растат со внесувањето дополнителна работна сила од надвор, ќе почнат да се намалуваат.

„Во Република Македонија ќе се створи вишок на работна сила за некои дејности во индустријата, каде миграните поради сложената економска состојба во која се наоѓаат, ќе прифаќаат да работат под реалната цена на трудот во земјата, а со тоа работодавачите ќе ги намалат платите за вработените, затоа што во секој момент ќе има некој кој е подготвен да работи за помалку пари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This