ВМРО-ДПМНЕ ЗА ОБРАЌАЊЕТО НА КИРАЦОВСКИ ОД ПРИЛЕП: Кирацовски, како и СДСМ очигледно целосно се одлепиле од реалноста- годината која што поминува е година на црнила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кирацовски, како и целиот СДСМ очигледно целосно се одлепиле од реалноста. Годината за која што зборуваат, годината која што поминува е година на црнила, ова денеска преку реакција го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со прес-конференцијата на Александар Кирацовски од СДСМ.

-Безочно беше погазен Уставот, законите и деловникот. Оваа 2018-та година беше година на политички прогон, терор, неразјаснети убиства. Криминалот царува со улиците, криминалците беа пуштени од затворите, а се бележи и раст на корупцијата. Оваа година јавниот долг порасна на рекордни 5 милијарди евра со бесмислените задолжувања, а да биде пострашно власта предводена од аболицираниот криминалец Заев најавува дека тој ќе расте до  најмалку  54,5% од БДП. Годинава ќе ја завршиме со рекордно најнизок раст на БДП не само во Европа туку и во регионот, што се должи на неработењето и неспособноста на оваа власт да реализираат барем половина од капиталните инвестиции кои што самите ги планираа, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека неславен рекорд рушиме и во аерозагадувањето со кое Владата не знае и не сака да се справи затоа што им се поважни бизнисите отколку здравјето на граѓаните.

-2018-та година е година во која фризерки се вработуваа во МЕПСО за дебели хонорари, партиски функционери добиваа државни грантови, а граѓаните осиромашуваа бидејќи се отвори само спиралата на инфлацијата што доведе до поскапување на горивото, на лебот, водата и зголемување на даноците. Оваа власт на СДСМ не изгради нови градинки, нови училишта, нема ниту темел од Клиничкиот центар, нема ништо од ветените студентски градови со кино сали, читални, спортски сали, нема ништо од ветените 600 километри нов автопат, ниту 500 евра просечна плата, ниту 100.000 денари плата за докторите. Секаде гледаме црнила. Крах во економијата, хаос во здравството, безидејност во образованието и животен стандард во слободен пад. Кирацовски очигледно сам си верува во лагите кои што ги кажува. Но граѓаните многу добро знаат дека наместо живот СДСМ им донесе мртвило и пекол. Тоа ќе престане кога овој криминален картел на власт неславно ќе ја заврши својата политичка кариера, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This