ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ успешна економија е што 18,500 граѓани лани заминале за Германија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ ја турна македонската економија на колена. За СДСМ успешна економија е што над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата. За СДСМ успешна економија е што околу 18.500 македонски државјани кои лани заминале за Германија, приближно 8.000 не се вратиле, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За СДСМ успешна економија е што втор месец по ред, градежништвото во земјава забележува двоцифрени стапки на пад, поточно пад од 10% во април и дополнителни 20% во мај. За СДСМ е успешна економија што даночните приходи во вториот квартал од 2019 година номинално забележале просечен пад од 3,4%. За СДСМ е успешна економија што фирмите во Република Македонија уплатиле за 32% помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал од претходната година, а во услови на проектиран раст од 3,5% кај приходите од овој данок за цела 2019 година, стои во реакцијата и се додава:

„За СДСМ е успешна економија што има покачената акциза и високи цени на горивата. За СДСМ е успешна економија што фирмите плаќаaт прогресивни даноци, а капиталните инвестиции се на дното. Парите на граѓаните единствено се трошат на рекети и наместени тендери. Токму затоа Зоран Заев и неговите луѓе треба веднаш да си заминат и да се распишат предвремени парламентарни избори“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This