ВМРО-ДПМНЕ: За спас на Република Македонија потребни се предвремени избори веднаш!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ ја укина правната држава во Македонија. Власта предводена од аболицираниот Заев со шверцерскиот начин на кој што го објави Законот за двојазичност во Службениот весник без потпис од Иванов по кој знае кој пат го прекрши Уставот, законите и процедурите. Промената на името, идентитетот, јазикот и историјата, заедно со воведување на двојазичноста на целата територија на државата претставуваат своевиден атентат на Република Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека за сите овие противуставни, противзаконски и противделовнички делувања ќе има одговорност, а ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријави против сторителите на овие кривични дела.

-СДСМ со своите штури соопштенија по кој знае кој пат покажува дека се плаши од предвремени парламентарни избори. СДСМ се плаши од избори на кои ќе биде казнето за црнилата кои ги донесе, ќе ги казнат за промената на името и уставот, за откажувањето од се што е македонско, за воведувањето на двојазичноста за криминалот и корупцијата. За спас на Република Македонија потребни се предвремени избори веднаш, се потенцира во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This