ВМРО-ДПМНЕ: Здравствениот систем е во тотален хаос, за скандалот со вакцините мора да има одговорност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здравствениот систем е во тотален хаос. Скандалот со вакцините што ја потресе јавноста е дното на оваа власт, реагира Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Недозволиво е да се пронајдат 500 вакцини МРП на кои биле залепени погрешни декларации со веќе изминат рок на употреба и потоа само да се повлечат од 11 впунктови за вакцинирање во земјата. Во ек на прогласена епидемија и тоа токму од министерот за здравство, Венко Филипче излегува на виделина информација дека има вакцини со изминат рок на траење.Прашуваме какви казнени мерки ќе бидат преземени? Кој е одговорен? Дали и на колку деца им се дадени вакви вакцини?  Зошто надлежните уште од првиот ден по обелоденување на овој пропуст упорно тврдат дека сите вакцини против морбили, рубеола и паротит – МРП имаат валиден рок на употреба? За овој скандал треба веднаш одговорност да поднесат сите надлежни, истакна таа.

Славева потенцира дека прво, одговорност мора да поднесе министерот за здравство, Филипче.

-Како е можно личност која е на ваква функција да дозволи макар и да проструи ваква информација? Во прашање е нешто што може да го загрози  животот на децата. СДСМ и Филипче уште еднаш докажаа дека единствено се борат само за свое лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Сето ова претставува уништување на се што е направено во здравствениот систем. Време е да се стави крај на ова црнило кое ја зави Македонија. Граѓаните по овој тежок скандал со својот глас ќе стават крај на црнилата и на деградацијата на здравствениот систем, порача таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This