ВМРО-ДПМНЕ: „Зелена нафта“ е квази мерка од која земјоделците немаат никаква корист

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мерката „Зелена нафта“ е квази мерка, ова денеска преку реакција го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта на СДСМ продолжува без срам да ги лаже граѓаните. Со мерката „Зелена нафта“ власта предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци. Од оваа популистичка и неефективна мерка земјоделците нема да имаат никаква корист. Со оваа мерка СДСМ не ги решава проблемите на земјоделците, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие имаат проблем со пласманот и цената на нивните производи. Поради лаги и лошите политики во земјоделието СДСМ треба веднаш да си замине од власт и да се распишат предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ кога ќе победи на предвремените парламентарни избори ќе започне ерата на реални мерки за македонското земјоделство, потенцираат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This