ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците се оставени сами на себе, откупот и продажбата на земјоделски производи бележи пад од 4,4%

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цветан Трипуновски и Орце Ѓорѓиевски, членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес беа во посета на Струмица и струмичкиот регион.

-Од Струмица заминувам на посета на граѓаните во Општина Василево. Од овие средби можам да потенцирам дека дел од граѓаните поготово земјоделците кои што се од овој регион истакнуваат едно големо незадоволство на политиките на владата Зоран Заев. Политики кои што не вродуваат со никаков плод. Земјоделците како никогаш досега не биле заборавени и оставени сами на себе. Доказ за актуелната политика е тоа што Државниот завод за статистика за второто тромесечје во 2018 година бележи пад на откупот и продажбата на земјоделските производи за 4,4%. Граѓаните на овие средби истакнуваат, особено земјоделците дека никогаш до сега не биле оставени сами на себе и буквално во секој земјоделски сектор имаат потешкотии со пласманот на земјоделските производи, рече Трипуновски.

Потенцира дека тој пласман и таа потешкотија значи и помал приход за нивните семејства и обавување на семејните обврски во текот на целата година.

-Исто така на овие средби се разговара и за актуелниот договор кој што го потпиша владата на Зоран Заев со нашиот јужен. И во тој дел сакаме да потенцираме дека граѓаните се против тој договор, дека негодуваат на рушењето на нашиот идентитет и дека во ЕУ и НАТО не се влегува со потчинет земјоделец. Потчинет земјоделец бидејќи они целата ситуација ја парафразираат во актуелната ситуација во која се наоѓаат. Значи во ЕУ треба да се влезе со достоинствен земјоделец со достоинствен граѓанин. Исто така на овие средби потенцираат граѓаните дека и во секој друг сегмент на општеството се бележи негативен тренд. Дали се работи за здравството, образованието и така натака секаде имаат забелешки на актуелното функционирање. Оттука ќе заминеме на средби со граѓаните во Василево каде што на истите начини ќе искомуницираме со граѓаните ќе го слушнеме нивното размислување во делот на актуелните политики во овој момент. Во однос на договорот како што спомнав, кој што самите граѓани го потенцираа кој што ги тангира, овој момент се изричито против и својот став ќе си го кажат на 30 септември. Меѓутоа она што сакам да го потенцирам е дека ВМРО-ДПМНЕ е за НАТО и ЕУ меѓутоа не по цена на нарушен идентитет и нарушено достоинство, порача тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This