ВМРО-ДПМНЕ: Изгласан предлогот на советничката Петкова за економски мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната седница на Совет беше изгласан предлогот кој беше поднесен од страна на советничката Ангелина Петкова во име на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Гевгелија.

од партијата соопштуваат дека донесената одлука ги опфаќа следните мерки:

1. Намалување од 2.000 на 1.300 ден. на комуналната такса за називот на фирма на деловни простории за физички лица кои вршат дејност;
2. Намалување од 500 на 350 ден за комунална такса за називот на фирма на деловни простории на физички лица кои вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ;
3. Намалување од 6.000 на 4.000 ден. комунална такса за називот на фирма на деловните простории на трговските друштва и др.правни лица од областа на производството, прометот и услугите;
4. Намалување на износот од 7 ден. на 5 ден.за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност од метар квадратен на ден.

Мерките се однесуваат заклучно со 2020 год.

Во образложување на точката советничката Ангелина Петкова истакна дека состојбата што ја прeдизвика пандемијата КОВИД-19, на економски план погоди голем број стопанственици во општина Гевгелија.

Исто така истакна дека со ова намалување на општинските комунални такси сме сите свесни дека штeтите нема целосно да им се покријат, сепак ова ќе им биде поддршка за прилагодување и повторно вклопување во секојдневниот живот.

Фејсбук статус на ВМРО-ДПМНЕ ОК Гевгелија.

ИЗГЛАСАН ПРЕДЛОГОТ НА СОВЕТНИЧКАТА ОД ВМРО-ДПМНЕ АНГЕЛИНА ПЕТКОВА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ЕКОНОМСКИ МЕРКИПочитувани,На…

Posted by Вмро-Дпмне О.К. Гевгелија on Wednesday, May 27, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This