March 29, 2024, 10:54 am

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавите на Павлопулос се навредувачки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Однесувањето на претседателот на Грција и давањето иритирачки, навредувачки и потценувачки пораки до македонскиот народ и држава очигледно е смислена стратегија за зголемување на конфликтноста помеѓу двете земји, и наместо решавање на спорот, негово усложнување, со измислување наводна опасност дека името го гледаат како закана по нивните граници, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne-2

Во денешното соопштение од партијата тие реагираат на изјавата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во врска со името на Македонија, во, како што велат „отсуство на реакција на опозицијата и државните институции“.

-Изјавите кои наликуваат на оние од раните деведесети години од минатиот век нема да не однесат кон решение на проблемот, туку ќе не вратат токму таму, во 1991 година. Ваквите изјави ги анулираат напорите на Република Македонија за спроведување мерки на доверба меѓу двете земји. Тие се без никаква смисла во услови кога најмалку еднаш месечно грчкиот претседател јавно ни кажува дека ако не се откажеме од името Македонија, никогаш нема да станеме членка на ЕУ и НАТО. Со оглед дека никој ниту во Грција ниту во ЕУ и НАТО не реагира на овие изјави, граѓаните на Македонија ги примаат изјавите како заеднички, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа, додаваат оттаму, не оди во правец дека наскоро ако го донесеме овој или оној закон, мерка или реформа има дури и најмали изгледи да започнеме преговори со ЕУ и да добиеме покана за НАТО.

-Во една ваква ситуација, кога Грција соопштува дека нема да дозволат да се користи името Македонија од наша страна како услов за НАТО и ЕУ, го прашуваме СДСМ како планира за 6 месеци или една година да почнеме преговори за членство во ЕУ, став кој тие јавно го промовираа. Дали планираат име во кое нема да се содржи зборот Македонија, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This