April 16, 2024, 11:11 pm

ВМРО-ДПМНЕ ИМА АНАЛИЗА НА 50.000 ИСПИТАНИЦИ: Од анализата се гледа дека најмалку се оние кои го поддржуваат референдумот – граѓаните да си одлучат по сопствено убедување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние како ВМРО-ДПМНЕ и анализата на повеќе од 27.029 иако имаме повеќе од 50.000 анкетни листови и врз таа навигација и врз основа на сите оние разговори кои што ги имаме со граѓаните на Република Македонија, разговаравме. Дебатиравме во рамките на партијата. Разговаравме најпрво со пратеничката група, Извршниот комитет, Централниот комитет и донесовме одлука да на граѓаните им понудиме опција најдемократска на свет да одлучат по сопственото убедување како ќе одлучат на 30 септември, рече Христијан Мицкоски, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во денешното интервју за ТВ 24 Вести во емисијата Анализа.

Мицкоски потенцираше дека според него референдумското прашање е збунувачко односно ги носи граѓаните во заблуда.

Претседателот Мицкоски истакна дека мнозинството граѓани се чувствуваат изманипулирани и изневерени од актуелната власт на СДСМ.

Мнозинството граѓани се чувствуваат генерално изманипулирани, се чувствуваат изневерени. Луѓето тешко живеат во Република Македонија и имаат реални проблеми кои што ги тиштат. За волја на вистината може четврта или пета тема е референдумот и сето ова кое што се случува. Навистина луѓето имаат проблеми кои што се од егзистенцијална природа за разлика од овие од владејачката врхушка кои што не им е проблем да си доделат некој милионски тендер па да ги видиме нив и нивните семејства на некои егзотични места како летуваат се скијаат, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This