ВМРО-ДПМНЕ ИМА ЕДИНСТВЕНА ЦЕЛ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО: Зголемување на квалитетот на образование за посигурна иднина на децата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екстерното тестирање во Македонија беше воведено исклучиво со намера да ги на еден начин измени стандардите, ако може да се наречат стандарди на влијание на успехот и оценките на учениците, изјави Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ, инаку поранешен министер и заменик министер за образование, во гостувањето на Алфа ТВ, по прашањето на новинарот како го коментира укинувањето на екстерното.

-Ние имавме многу јасен став по однос на тоа, јас повторно ќе го кажам истото. Значи, мене ми е јасно дека во даден момент заради извесна домашна релаксација, во моментов ќе овозможи да бидат семејствата поедноставно кажано релаксирани, децата нема да учат, нема да се прави екстерното тестирање и слично. Екстерното тестирање во Македонија беше воведено исклучиво со намера да ги на еден начин измени стандардите, ако може да се наречат стандарди на влијание на успехот и оценките на учениците. Ако се вратите години наназад ќе видите дека во Република Македонија во најголем процент во училиштата имавте неосновано скроз одлични ученици, од 5-ти до 10-ти јуни во самото училиште имаше повеќе родители отколку ученици, кои што доаѓаа да ги корегираат оценките на своите деца. Нашата цел беше да се зголеми квалитетот и објективноста во оценувањето кај самите ученици, изјави Ристовски.

Тој кажа дека за него е разочарувачки што СДСМ доаѓа, го укинува, а не понудува никаква друга мерка за подобрување на квалитетот во образованието.

-Ние никогаш не рековме дека со една мерка може тоа да успее, никогаш не рековме дека екстерното какво што ние го понудивме беше идеално и непроменливо, напротив ние лани врз основа на консултациите што ги направивме повторно го променивме. За мене е разочарувачки тоа што СДСМ доаѓа, го укинува, а не понудува никаква друга мерка за подобрување на квалитетот во образованието. Веќе една недела се занимаваат само со ретроградни процеси во образованието, а во ниту еден момент, јас не сум слушнал позитивна изјава, што тие ќе направат за подобрување на квалитетот. Екстерното тестирање се спроведува во триесетина земји во Европа, секоја земја свои карактеристики, свој начин на работа. Меѓутоа, тоа е процес кој што постои и треба да постои, изјави Ристовски.

Тој кажа дека по враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе се имплементираат голем број мерки кои ќе го подобрат образовниот процес.

-ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија свесно отиде со дел од мерките, посебно во делот на образованието, кои што можеа да ни нанесат краткорочно негативни поени на нас, но долгорочно да обезбедат квалитетен развој на идните генерации во Република Македонија, затоа што на тој начин со квалитетен образовен систем ние креираме квалитетни идни генерации. Јас ве уверувам дека по враќањето на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се имплементираат голем број на мерки во рамки на образовниот процес, чија што единствена цел ќе биде зголемување на квалитетот на образованието. Ние како политичка партија никогаш не сме функционирале да печалиме евтини политички поени, како што тоа го прави СДСМ. Ако сакавме мирна вода како што вели народот, немаше ниту една од овие мерки да ја спроведеме, а сето тоа ќе резултираше продлабочување на лошиот квалитет на образованието во Република Македонија, изјави Риствоски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This