ВМРО-ДПМНЕ ИМА ЈАСЕН СТАВ ЗА ИМЕТО: Нема политичка партија со појасен став за името од ВМРО-ДПМНЕ, Заев води политика купи ден продај, денес едно утре друго

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во Дневникот на Сител во врска со преговорите што се водат за Уставното име на Република Македонија вели дека политиката на Зоран Заев се темели на лаги и на тој начин го води целокупниот процес.

 

ВМРО-ДПМНЕ според Мицкоски нема никакви информации за тоа како се развива целокупниот процес.

-Гледаме падни стан политика поврзана со овој процес. Купи ден продај. Денес едно утре друго. Да видиме како ќе заврши, како ќе резултира целокупниот овој процес па потоа ќе го коментираме. Ние многу јасно и гласно сме го кажале нашиот став. Нема политичар или политичка партија со појасен став од тој кој што ние го кажавме. Имаме работа со политичар кој што целокупното свое битисовување го темели на лажење така што навистина не би можел да антиципирам која би била неговата следна лага, вели Мицкоски.

Според Мицкоски ако ние се водиме по клучните барања на соседната страна во преговорите тогаш тоа значи капитулација. Мицкоски вели дека преговори се водат за да се најде некое симетрично решение внатре во рамката на тие преговори.

-Ако ние црвената линија ја прифаќаме како конечна позиција тогаш зошто да имаме преговори. Нема потреба да преговараме. Прашањето треба да се постави спротивно, односно кој не доведе до една таква ситуација за сега се обидуваме да направиме една општесствена депресија во Република Македонија дека ова е тоа или не може да се случи ништо друго, рече Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека некој треба да сноси одговорност за тоа што не довел во ситуација за да презентира пред целата јавност како единствено и можно решение.Според него ова е комплетно погрешен процес на водење на преговори, комплетна погрешна методологија била применувана како и комплетно погрешни луѓе кои го водеа овој процес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This