ВМРО-ДПМНЕ: Инвестицијата „Теламон“ е сработена од владата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ нема нови инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДСМ продолжува да се фали со проектите и инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ. Инвестицијата на компанијата „Теламон“ е резултат на работата на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ангажманот на министерот Џери Наумоф, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека првиот контакт е напоравен во 2015-та година и од тогаш целокупното планирање и изготвување на план беше со силен ангажман и поддршка на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

-На владата на Заев им требаше цела година да склучат договор на она што речиси беше завршено во целост.Инвестициите на компанијата „Теламон“ и американската компанија „Дога“ чиј камен темелник ќе се случи наредната недела се дел од пакетот на 60 странски компании со кои беше во напредни преговори владата на ВМРО-ДПМНЕ, и е вистинска штета што од 60 компании до сега владата на СДСМ реализираше само 2 инвестиции. Им се заблагодаруваме што со ваквите свои чекори ја покажуваат огромната разлика помеѓу имањето на сериозни инвестиции и сега кога нема нови и сеуште се влече владата на оние сработени од претходната на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека со отпуштање на економските промотори, покачувањето на даноците и барањето на мито на странски инвеститори и констатираната корупција на највисоко ниво не може да се очекува напредок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This