ВМРО-ДПМНЕ: Инфлaциjaтa co нajaва дa pacтe, цeнитe cкoкаат, a Заев лaжe дeкa ce e вo peд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфлацијата со најава да расте, цените скокаат, а Заев лаже дека се е во ред.

Цените на основните продукти во последната година дена се зголемени и до 20% при продажба на мало, тоа не треба да го кажат некакви истражување, тоа го чувствуваат и гледаат граѓаните секој ден. Гувернерката на НБРМ спротивно од Заев за кого се е розево предупреди на можно зголемување на инфлацијата, а производителите предупредуваат на покачувања на цените и до 50% во малопродажба, велат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Според ВМРО ДПМНЕ Заев е виновен за ценовната спирала и шок кој не очекува, и за да се амортизираат ефектите мора итно да се делува.

ВМРО-ДПМНЕ во минатото во 2007 и 2008 година се справи со таква опасност кога цените насекаде во светот скокаа, но не дозволивме нашите граѓани да го почувствуваат тоа. За разлика од тогаш, сега Заев не е способен да ги заштити граѓаните, а ефектите ги чувствуваме сите, додаваат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This