ВМРО-ДПМНЕ ИСПРАТИ ГЕРМАНСКО ЗНАМЕ ВО ВЛАДАТА: За да не се резилат како со Курц, од ВМРО-ДПМНЕ испратија германско знаме до владата за пречекот на Меркел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога станува збор за работа и за одбрана на државните интереси, Зоран Заев и неговиот криминален картел се целосно неспособни. Кога станува збор за криминал, наместени тендери, лиценци и стипендии, злосторничкото здружение околу Заев е светски шампион, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Доказ за тоа е што успеаја да го утнат и австриското знаме при посетата на канцеларот Себастијан Курц, а не промашија ни буква кога во итна постапка на ден пред избори требаше да и префрлат 40.000 долари на ќерката на министерот Никола Димитров. Тате може да промаши со знамето ама не може да го промаши рокот за да обезбеди стипендија за ќерката. Ако може на Лазе Велковски ќерката да си се вози со службен џип до грчките плажи, ќерката на министерот заслужува многу повеќе. Ја посрамотија Македонија со истакнување на летонското наместо австриското знаме, но не згрешија кога на советниците на Заев и нивните блиски им делеа пари за криминалните иновации. Заев не издржа во колнењето и во дедовците и во внуците дека нема нормален човек што ќе го сменел уставното име, но затоа Кочо Анѓушев е главна звезда по грчките медиуми со неговиот успех да инкасира 5 милиони евра од грчкото електростопанство кое тоне во долгови. Заев прифати промена на идентитетот, а Анѓушев си нареди десетици тендери, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата велат дека секојдневниот грабеж и секојдневните порази и срам што и го нанесуваат на Македонија се обидуваат да ги покријат со штетниот и капитуланскиот договор.

-Граѓаните гледаат дека со овој договор не само што се менува името туку се загрозува јазикот и идентитетот. Ова антидржавно однесување на СДСМ мора да престане. Зоран Заев мора да си замине. Само така Македонија ќе победи. За да не направат нов срам и за да не ни се потсмева регионот и Европа, ВМРО ДПМНЕ сака да и помогне на владата да направи огромен дипломатски успех и да го погоди германското знаме при посетата на канцеларката Ангела Меркел. Затоа во прилог го испраќаме знамето кое би требало да биде истакнато, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This