ВМРО-ДПМНЕ како опозиција нема изгyбeнo парламентарни избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Традицијата, бројките и севкупната социополитичка соcтојба и пред изборна атмосвера во Република Македонија се во прилог на очекувањето и предвидувањето – ВМРО-ДПМНЕ апсолутен победник на претстојните парламентарни избори.

Од 1990 година па до денес – 2020-та ВМРО-ДПМНЕ нема изгубено парламентарни избори како опозиција. Досега во независна и самостојна Република Македонија избирачите гласаа на 9 (девет) парламентарни избори. Од првите, во 1990г., преку изборите во 1994г., 1998г., 2002г., 2006г., 2008г., 2011г., 2014г. и се до последните во 2016г. Годинашниве парламентарни избори се десети по ред. ВМРО-ДПМНЕ досега ги изгуби само изборите во 2002г., на изборите во 1994г. поради голем број на нерегуларности се откажа од вториот круг, а на останатите седум парламентарни избори освои мнозинство гласови и победи.

Како опозиција ВМРО-ДПМНЕ учествуваше на изборите во 1990г., 1998г. и 2006г. и на сите убедливо победи. Во 1990г. освои 38 пратеници(СДСМ 31), на изборите во 1998г. освои 49 пратеници(СДСМ 27), а во 2006тата освои 45 пратеници(СДСМ 32). На првите парламентани избори во 1990тата излезноста беше најголема – 84,8% прв круг и 76,8% втор круг. На изборите во 1998г. излезноста е нешто помала – прв круг 72,9% и прв круг 69,4% втор круг. Во 2006г. излезноста изнесуваше 55,98%. Значи разликата во полза на ВМРО-ДПМНЕ во 1990г. е 7 пратеника, во 1998г, таа изнесува 22 пратеника, а во 2006г. е 13 пратеника.

На последните избори во 2016г., кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, победува освојувајќи 51 пратеник. СДСМ тогаш освои 49 пратеници. Излезноста беше 66,79%. Да ја споменам и излезноста од 2014г., која изнесуваше 62,96%. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ освои 61 и еден пратеник и убедливо победи. СДСМ освои 34 пратеника.
Во контекстот на излезност на гласачкото тело треба да се споменат и референдумот од 2018г., кога излезноста изнесуваше 36,91%, и претседателските избори со 46, 65% излезност.

Врз основа на традицијата и бројките кои се егзактни и точни може да се констатира и предвиде следното: На изборите закажани за 15 јули, основано е да се очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ, како опозиција. Горната маргина на победа на ВМРО-ДПМНЕ(досегашана) е 22 пратеника, а долната 7 пратеника. Во оваа рамка и посочените маргини треба да се очекува и победата на претстојните парламентарни избори. Реално е победата да е изразена со двоцифрен број на пратеници, помеѓу 10 и 15 пратеници, што зависи од процентот на излезност на гласачкото тело и бројот на гласови што ќе ги освојат останатите, мали и средни политички партии од македонскиот блок на политички партии.

На процентот на излезност на избирачкото тело ќе влијаат повеќе фактори, кои помеѓу себе многу интересно се испреплетуваат. Општата перцепција на социополитичката состојба е негативна и незадоволителна, поради незадоволството на граѓаните од власта на СДСМ и се очекува поголем процент на излезеност. Значи, лошата економска состојба, невработеноста, корупцијата и непотизмот треба да бидат стимул за поголем број гласачи да излезат на гласање и да одлучуваат за својата работна и животна егзистенција. Од друга страна имаме состојба на ковид панремија (голем број на заразени и зголемен број на починати) што може да влијае негативно на излезноста на избирачите. Тука треба да се надмине стравот и одлучно да се излезе на гласање, така што избирачите да ги земат работите во свои раце и тие да одлучуваат, а не некој друг во нивно име.

На парламентарни избори досега немало излезност помала од 55,98%. Реално е да се очекува излезноста на годинашниве избори, да се движи во границите од 56% па до 61%.

-Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This