April 25, 2024, 11:49 am

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов и СДСМ продолжуваат да ги полнат пресовите со очај, нemoќ, лaги и констpyкции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Костадин Костадинов и СДСМ очигледно се многу очајни во обидите да ги покријат криминалните и коруптивните скандали во кои тонат од ден во ден. Затоа пресовите мораат да ги полнат со очај, немоќ, лаги и конструкции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните јасно го гледаат политичкото силување на правната држава кое и го прават Заев и екипата околу него. Граѓаните видоа и слушнаа за куферите полни со пари од аферата „Рекет“, а одговорност од ликовите Кики, Фрики, Шеки и слични се уште нема, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека граѓаните ги прочитаа дека Зоран Заев бил во контакт со рекетарската група која милиони евра зела од бизнисмени, а за кои се уште не им се знае трагот во чиј џеб завршиле. Граѓаните видоа дека секој кој на оваа власт и опонира е предмет на политички монтиран судски процес.

Впрочем заради ваквата поврзаност на подземјето со владата, Заев се повеќе ја губи поддршката и затоа нервозата во СДСМ пропорционално расте. Со право и членовите на СДСМ кои искрено си ја сакаат Македонија отворено не се согласуваат со погубната и криминална политика на врхушката во нивната партија. Се за што генерации Македонци се бореа наназад, Заев успеа да го погази, вклучително и делата на Трајковски и Глигоров кои сега Костадинов лицемерно ги користи за да ја манипулира јавноста, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

–Но народот ве прочита и чека прилика на избори да ве казни. Колку порано, толку подобро за Македонија – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This