March 28, 2024, 10:15 am

ВМРО-ДПМНЕ ЛЕТОВО НА ТЕРЕН:20 тимови во посета на населени места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 ВМРО-ДПМНЕ од викендов започна со посета на населени места низ целата  држава, вкупно дваесет тима ќе ги посетат сите краишта на државата, ќе отидат во речеси секое населено место да ги слушнат потребите на граѓаните и нивните предлози и идеи, како што истакнаа претставниците на партијата од терен предлозите на граѓаните ќе бидат преточувани и во законски иницијативи за во Собранието, но и преку Советите  на општините. ВМРО-ДПМНЕ внимателно ќе следи се што се случува, ќе нуди решенија и идеи и ќе им помага на граѓаните каде што власта ќе остане глува.

Викендов  на терен беа 9 тима, Коце Трајановски, со пратениците Драган Данев и Крсто  Јовановски беа во посета на Горно и Долно Лисиче, Припор, Драчево, Усје и Пинтија.

Во неготинските села Пепелиште, Криволак, Тимјаник Долни Дисан и Тремник беа Зоран Поповскси, поранешниот директор на АХВ, Оливер Дерковски, поранешен директор на ЈП Железници и пратениците Весна Пемова и Павлина Честојнова.

Сашо Стефановски со тим од партијата беше во посета на охридско, ори што се посетија населените места: Пештани, Лескоец, Косел, Љубаништа, Косел, Рача, Коњско и Подмоље.

Низ струшко тим предводен од Антонио Милошески  ги посета населените места: Мислешево, Вратница, Мороишта, Дрслица, Радожда, каде што граѓаните ги даваа своите предлози и идеи.

Струмичките села : Куклиш, Дабиле и Банско беа посетени од бившиот заменик министер за економија, Христијан Делев и пратеникот Ванковер Манчев.

Во светиниколско во населените места, Ерџелија, Мустафино, Горобници, Амзабегово и Писарево беа посетени од страна на поранешниот државен секретар во МОН Елизабета Тодоровска и пратениците Трајче Димков и Благица Ласовска.

Живојно, Бач, Гермијан, Добромири, Горно Агларци во општина Новаци  беа посетени од страна на тим предводен од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Р.Македонија, Зоран Илиоски.

Генералниот секретар на партијата Емил Димитриев, беше во посета на Чифлик, Облешево, Спанчево, Чешиново и Соколарци.

Визбегово, во општина Бутел беше посетено од тим предводен од Зоран Ставрески, при што ги посетија и населени места во општина Чучер Сандево.

Од партијата најавуваат дека жешко лето, со многу теренски активности, најтоплиот месец јули ќе биде одбележан во знакот на теренските посети на ВМРО-ДПМНЕ.

Спиро Ристовски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е постојано меѓу народот, а и летниот период ќе биде искористен за работни теренски активности, и заедно со граѓаните ќе се бараат решенија за нивните проблеми. Остануваме политичка сила блиска до народот, и до нивните реални проблеми, секогаш кога имало предизвици ние сме биле тука да помогнеме, така ќе биде и овој пат, изјави Ристовски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This