April 19, 2024, 11:17 am

ВМРО-ДПМНЕ лобира за датум: Нашата влада ќе го надополни пропуштеното во евроинтеграциите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ составена од потпретседaтелот Александар Николоски, членот на извешниот комитет Влатко Ѓорчев и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски денес во Брисел остварија средба со Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Партиските челници го информирале еврокомесарот за одличниот резултатот на ВМРО-ДПМНЕ на претседстелските избори, а особено биле нагласни сериозните злоупотреби од страна на институциите и владејачките партии во целиот изборен процес и изборниот инжиееринг спроведен меѓу двата круга.

Соговорниците се осврнаа на реформската агенда. Беше потцртана улогата на ВМРО ДПМНЕ како најголема опозициона партија. Високо беше отценет придонесот на ВМРО ДПМНЕ во подобрувањето на неколку реформиски закони во Собранието. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека Владата нема капацитет да испорача остварливи резултати. Посебно беа ноторани слабостите во борбата против корупцијата, реформата на правосудството и економијата, стои во партиското сооштение.

Подоцна во денот истата делегација присуствуваше и на првото Политичкото собрание на Европската народна партија по завршувањето на европските избори.

Се разгледуваше изборниот резултат и се констатира дека Европската народна партија останува најголема партија во Европскиот парламент која што се очекува да ја води идната Европска комисија. Исто така се разговараше за претседателските избори во Македонија каде што сме многу среќни затоа што претседателот на Европската Народна партија Жозеф Дол потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има одличен резултат дека се бореше сама против една коалиција од 31 политичка партија и дека овој резултат гарантира победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори и формирање на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За средбата со Хан Николоски рече дека било констатирано дека кај владата нема доволно расположение за напредок во борбата против корупцијата, воспоставување на силен систем на владеење на правото и подобрување во економијата.

Тоа се трите слаби точки кои што ја оддалечуваат Македонија од датум за почеток на преговори со Европската Унија. Сепак ние како ВМРО-ДПМНЕ се надеваме дека Македонија ќе добие датум и ќе почне преговори за членство со Европската унија затоа што тоа е добро за сите граѓани, а после промената на власта која што ќе се случи брзо, една влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се фокусира на европската агенда за да ги надокнади овие изгубени години со владата на Заев и да може да се приклучи кон таа агенда и да ја однеси Македонија кон еден подобар живот и членство во Европската Унија, потенцираше Николоски и подвлече:

Исто така имавме средба и со Генералниот секретар на Европската Народна партија господинот Антонио Лопез Истуриц на која што разговаравме за идната стратегија на партијата и за идните чекори на партијата во насока на освојување на следните парламентарни избори и формирање на влада.

Господинот Истуриц даде силна поддршка за сите проекти кои што ги планира ВМРО-ДПМНЕ во следниот период, имаме силна поддршка од Европската Народна партија и тие проекти ќе бидат претставени во следниот период пред македонските граѓани, ќе значат изработка на една квалитетна програма, следена од квалитетни експерти и кадри кои што ќе дадат одговори на најголемите проблеми на македонските граѓани со кои што се соочуваат сега. Очекуваме поддршката од Европската Народна партија сериозно да придонесе кон создавање на една ваква програма.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This