March 28, 2024, 10:39 am

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е единствена држава среде Европа во која во 21 век сеуште има политички затвореници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од основните постулати на Европската Унија и НАТО е владеењето на правото. Македонија не може да напредува во евро-атланските интеграции се додека е заробена држава во која е укинато владеењето на правото. Македонија е единствена држава среде Европа во која во 21 век сеуште има политички затвореници. Политички затвореници се Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, пратениците и сите останати кои се неправедно притворени за настаните од 27-ми април, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие сите се обвинети за тероризам само поради љубовта кон татковината и различните политички ставови од оние СДСМ и Заев. Невини луѓе без ниту една црна дамка во нивните животи и кариери, без никаква правна основа, неправедно се наоѓаат во притвор, додека владините претставници лицитираат со македонската историја и иднина. Судот слепо и слугува на власта неможејќи да собере храброст, да се спротистави и да дели правда врз основа на аргументи. Судот наместо праведно да суди, монтира случаи за пресметка со политичките противници на Зоран Заев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Судот има шанси да исправи дел од грешките доколку престане да замижува пред аргументите што ги нуди одбраната на политички притворените и утврди дека навистина не постои никаков сомнеж дека тие би бегале, би говповториле делото или би влијаеле врз истрагата. Независноста на судот е право на граѓаните, тој има обврска да ја гарантира законитоста и да биде чувар на демократијата. Судството мора да се ослободи од притисоците кои власта ги врши, одлуките мора да бидат во согласност со законите и доказите“.

Силни и независни институции, потенцираат од партијата, заслужуваат сите наши граѓани, силни и независни институции кои ќе ги штитат нивните права.

-Република Македонија мора под итно да се врати на вистинскиот пат на патот на демократијата, слободата и почитување на основните човекови права. Политичкиот реваншизам и малтретирање на луѓе кои размислуваат поинаку од СДСМ мора да запре.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This