ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ оди кон пpoвалија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Криминал, корупција и рекет. Македонија со СДСМ оди кон провалија. Десетици криминални случаи, а ниту една разврска, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Епидемијата со непотизам која ги зафати сите државни институции, сите функционери, од министри до локални директори остана несанкционирана. Се помина со неколку претставки од ДКСК и еден два откази, поголемиот број останаа нечепнати. Милионскиот криминал во Фондот за иновации, каде фирми блиски до власта добиваа по неколку стотици илјади евра, како да ја имаат пронајдено парната машина во 21 век исто така е без епилог. Без разрешница е и криминалот на Рашковски, за кого постојат сериозни сомненија дека сторил криминал од над 1.8 милиони евра. Зоран Заев не би бил Зоран Заев доколку во криминалната влада која ја предводи не би бил најголемиот криминалец. Милионскиот рекет кој е вршен со години, не може да е вршен без знаење на Зоран Заев, кој е главата на криминалниот октопод. Во притвор завршија директните извршители како Зоки Кичеец, Боки 13 и Катица Јанева, а никаде не се зборува за нарачателите и помагачите од врвот на власта. Зоран Заев иако е спомнуван во исказите на оштетените се уште не е повикан на распит, како што се развлекуваше и притворањето на Јанева. И иако пет месеци по Рекет 1 и месец по Рекет 2 се уште разрешница не е на повидок. Нема разрешница затоа што ЈО на Русковска го штити Зоран Заев, велат од опозициската партија.

Со Заев на чело на владата и Русковска на чело на обвинителството никаква правна разврска нема да има. Потребно е СДСМ да си замине. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This