ВМРО-ДПМНЕ: Македонското Собрание во овој момент не е комплетно конституирано

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска на прес-конференција го повтори ставот на партијата дека, според нив, македонското Собрание во овој момент не е комплетно конституирано. Во однос на разговорите за формирање парламентарно мнозинство, тој посочи на вчерашната изјава на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, и рече дека за текот на разговорите тие дополнително ќе информираат.

Претседавачот, господинот Џафери, веднаш по точката за верификација на мандатите ја прекина конститутивната седница и практично во овој момент како што стојат работите ние имаме некомплетно конституирано Собрание без претседател на Собранието, што е дел од политички договор. Тоа било така и во минатото, и доколку го сумираме ставот накратко, во овој момент не е комплетно конституирано македонското Собрание, рече Арсовски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This