ВМРО-ДПМНЕ МЕЃУ НАРОДОТ: Игор Јанушев на средба со жителите на Градско и Чашка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва стартуваат теренските посети на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, како дел од акцијата „Лето за Македонија“, со што тимови од ИК на партијата ќе ги посетуваат поголемите населени места низ државата. Генералниот секретар на партијата вечерва ја стартува акцијата од Градско и Чашка, каде истиот ќе се сретне со граѓаните и ќе има средба со општинските комитети.

Повеќе од 2000 волонтери на партијата цело лето се на терен, при што се посетени повеќе од 50.000 семејства, како што рече претседателот Мицкоски во неговото неодамнешно интервју.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на последниот протестен марш кој го организираше партијата кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е автохтона македонска политичка партија и се води исклучиво од интересот на македонскиот народ.

-Направивме досега невидена новина, тргнавме на терен со преку 2000 волонтери, наместо да трошиме пари на скапи кампањи, и на крај не обвинуваат сме молчеле!? Е како молчиме!? Како ние молчиме, не има насекаде низ цела Македонија, во секое мало, во секоја улица, како молчиме!? Па не сме ние тие кои се затвораат по канцеларии и хотелски сали, далеку од очите на јавноста и договараат најсуштествени и најскапоцени национални интереси. Тоа сте вие, господине Заев и господине Димитров. Тоа сте Вие. Не сме ние тие, рече Мицкоски од собирот во Кичево.

Во склоп на акцијата 6 тимови формирани од ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат скоро сите поголеми населени места во Република Македонија во сите 6 изборни единици. Ваквите теренски посети наидуваат на голема поддршка кај народот, анкетата која што ја спроведовме помеѓу граѓаните од неколку општини укажува дека граѓаните позитивно гледаат на ваквата блискост на ВМРО-ДПМНЕ со нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This