ВМРО-ДПМНЕ: Назадувањето во борбата со корупцијата е резултат на работењето на Спасовски, Ременски и на СЈО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Даниела Рангелова, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција ја коментираше позицијата на земјава на листата на „Транспаренси интернешнел“

VMRO-DPMNE-Zgrada

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција излезе со став дека враќањето на власт на СДСМ значи корупција, неодговорност, разградување на институциите, деструкција и назадување, наместо проекти, реформи и напредок.

Партијата смета дека назадувањето на земјата на листата на „Транспаренси интернешнел“ е резултат на работењето на генералниот секретар Оливер Спасовски, како технички министер во МВР, на Фросина Ременски како технички министер за труд и социјала и на работењето на новоформираното специјално јавно обвинителство и обвинителката Катица Јанева.

– Оливер Спасовски ќе остане запаметен по тоа што цела година откако ја извршуваше функцијата технички министер, не реализираше ниту една акција за сузбивање на криминалот и корупцијата. Тој не само што не реализираше ниту една акција, туку се фотографираше и се движеше во присуство на криминалци и лица од подземјето, а првоосомничениот во случајот „Фабрика за афери“, Захир Бекири-Чауш, се покажа дека бил близок пријател и чест гостин во кабинетот на Зоран Заев – рече на прес-конференција Даниела Рангелова, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Рангелова, ништо подобро не се однесувало ниту нивното СЈО кое наместо да го гони криминалот се ставило во негова целосна заштита.

– Првиот чекор на Катица Јанева беше укинувањето на притворот на Зоран Верушевски, а нејзиниот непрофесионализам и пристрасност кулминираа со аболицијата на криминалецот Зоран Заев за неговата одговорност во случајот „Пуч“ – изјави Рангелова.

Рангелова изјави дека нема посериозен доказ од склоноста на СДСМ кон корупцијата од видеото во кое се гледа како аболираниот Заев, како што рече, бара поткуп на струмичките бизнисмени.

Ова, посочува таа, е факт и не може да го сокрие ниту невладината „Транспаренси интернешнел“, блиска до Сорос и до СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This