ВМРО-ДПМНЕ НАПРАВИ ГРЕШКИ КОИ НЕ СМЕЕ ДА ГИ ПОВТОРИ: Димитар Димовски најави победа на следните избори, какви и да се!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ направи грешки во минатото, кои не смее и нема да ги повтори во иднина. Еден дел од тие грешки се секако поради одредени погрешни политики на партијата, за различни општествени прашања. И заради тие грешки, многумина гласачи не ни дадоа доверба на последните парламентарни избори. Другиот дел од грешките се направени од поединци, кои се поистоветувале со партијата. Тие грешки, доколку има индиции за сторен криминал од било кој поединец или организирана група, мора да се стават под лупа на законите и во едни нормални судски постапки (не политички монтирани процеси какви што имаме сега), да се докажат или отфрлат истите. Правда и правдина, но и одговорност и казни, мора да има за сите, без разлика кој каде припаѓа или кој на кому му е роднина.

Ова, на својот Фејсбук профил го напиша членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски.

-По одржување на предвремени или редовни парламентарни избори, на кои ќе победиме, новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да се зафати со решавање на реалните и есенцијалните проблеми на граѓаните на Република Македонија. Овие проблеми, од ден на ден, неспособната и антинародна Влада предводена од СДСМ и ДУИ, ги прави да бидат се поголеми и по неиздржливи, што е главна причина за масовното иселување на нашите сограѓани. Овој егзодус мора да сопре што поскоро. Наша најголема заложба и задача, ќе биде да ги вратиме достоинството, надежта и перспективата кај секој еден граѓанин на Република Македонија. Тоа можеме да го направиме со чесно и посветено работење и со воведување на вистинските европски вредности, стандарди и приходи во нашата држава.

На крај. Можеше да се постигне далеку подобар и почесен договор со Грција. Но, власта не сакаше да постигне таков договор. Доколку овој катастрофален договор кој е во процедура, не го добие потребното 2/3-ско мнозонство, ние како партија и идна власт, ќе инсистираме на решавање на наметнатиот проблем на начин што нема да дозволиме промена на Уставното име на Република Македонија, ниту пак отварање на теми како што се нашата култура, традиција, историја или секакво идентитетско прашање, додаде Димовски, споделувајќи ја изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски каде вели дека од грешките во минатото учеле и оти истите нема тие да се повторат, туку ќе се оди напред.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This