April 27, 2024, 12:48 am

ВМРО-ДПМНЕ: Народот одлучи, процесот на десоросоизација отпочнува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ и Сорос константно работат на уништување на граѓанскиот сектор и иницијативи, како и на независното новинарство во Република Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne-2

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и Сорос се посветени на мисијата за уништување на демократијата преку директен и брутален напад на секоја мисла различна од нивната матрица, од диктатите на Бихаќка и идеите на Џорџ Сорос во изминативе 25 години.

СДСМ и Сорос преку мрежата на марионетските невладини и корумпирани политичари создава атмосфера на тензии која на терен неговата „невладина армија“ ја користи за да се бори за зголемување на влијанието на Сорос во државата во која делува.

Мејловите кои Сорос ги праќал до политичари, а ги објави Викиликс се јасен и прецизен показател за начинот на кој делува тој и неговата фондација. Интервјуата на човекот кој е „икона“ за многу македонски невладини експоненти кои цел живот живеат извршувајќи ги наредбите од Сорос, се јасен показател за каков безмилосен и брутален капиталист се работи.

СДСМ и Сорос системски ги корумпираат новинарите и медиумите, создавајќи од нив роботизирани послушници кои се хранети со грантови за без приговори да ги извршуваат задачите кои ќе им бидат дадени.

Само во последниот период во Македонија СДСМ и Сорос преку деструктивната платеничка револуција направија штета од стотици илјади евра, повредија повеќе од 50 полицајци, демолираа државни институции и уништија споменици на културата и на македонскиот народ.

СДСМ и Сорос се срам и елементарна непогода за Република Македонија.

На 11-ти декември народот јасно, одважно и прецизно и кажа „Не“ на целата деструкција во режија на аболицираниот криминалец Зоран Заев  и соросовите инсталации во Македонија.

Народот одлучи: процесот на десоросоизација отпочнува

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This