ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ОТСТАПИ ОД ОДЛУКАТА: Законот за двојазичност не е дел од реформите кои треба да ги реализира Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ била и ќе остане конструктивна и посветена на евроатланските интеграции на државата. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе даде поддршка за законите кои гарантираат подобар стандард и ни помагаат на нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Законот за двојазичност не е дел од евроатланската перспектива на државата. Законот за двојазичност не е дел од реформите кои треба да ги реализира Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Веруваме и очекуваме дека СДСМ и владејачкото мнозинство конечно ќе се посветат на европската агенда и реформските приоритети. Тоа што досега декларативно го говореа, време е да се реализира во пракса. Впрочем и високите европски претставници во повеќе наврати нагласија дека законот за двојазичност не е дел од реформскиот процес, стои во реакцијата на изјавата на Бујар Османи и се додава:

„ДУИ се тие кои ја блокираат работата на Собранието и ги попречуваат реформите, преку условување на целокупната работа на Собранието со носење на еден закон дури и преку обид тој да се изгласа со целосно кршење на деловникот и законите“.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This