April 20, 2024, 12:09 am

ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА СЕ ВРАТИ ВО СОБРАНИЕТО: Доколку не се тргнат елементите кои го прават законот за јазици неуставен, ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи од амандманите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се занимава со популистичка политика. Според него, ако се создава решение, тоа решение треба да биде применливо.

Ниту е дискутирано ниту некој ја споменал темата за евентуален пазар, ниту пак јас како претседател на партијата ќе се пазарам со моите принципи, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 во врска со прашањето дали е направен пазар помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а се однесува на законот за јазици.

Мицкоски додава дека не е целта само критика, туку и аргументација зошто е тој чекор и затоа се нудат решенија.

–Доколку не биде усвоен нашиот предлог, ВМРО-ДПМНЕ нема да ги повлече тие 35.000 амандмани и доколку се почитува деловникот и законите, тогаш очекуваме една дебата која ќе аргументираат сите пратеници и тогаш ќе се премине кон втората фаза каде ќе се гласа за овој закон. На таа седница кога ќе биде поставен овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието, рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се занимава со популистичка политика. Според него, ако се создава решение, тоа решение треба да биде применливо.

Затоа тој додава дека прво треба да се направи форматот на работната група, да се повикаат експертите да се повикаат претставници од МАНУ, како и да се повика претставник од кабинетот на Иванов и да се направи едно дело кое ќе биде применливо.

Мицковски притоа вели дека ако се предизвикува чувства кај мнозинството население на Република Македонија, тогаш сосема легитимно е да се запраша зошто и на кого му годи ваквиот процес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This