ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА УЧЕСТУВА НА СЕДНИЦАТА НА СОБРАНИЕ: Нема да учестуваме на седницата каде ќе се носи капитуланскиот договор со кој се предаваат националните и државните интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Само вистина“ вели дека СДСМ ветуваат работи кои не можат да ги исполнат и затоа се обидуваат преку кршење на законите да ја убедат јавноста дека тоа е правилниот начин на работа.

Во врска со повторното гласање на договорот со Грција во собранието Мицкоски потенцираше дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ повторно нема да учестуваат во гласањето на овој капитулантски договор.

-Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е принципиелна, чесна и искрена и спрема граѓаните на република Македонија но и спрема гласачите кои ја дадоа довербата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ние не сакаме да бидеме учесници во ова капутуланско дело кога се предаваат националните и државните интереси на Македонија, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека се подготвува кривична пријава за сите инволвирани лица во потпишувањето на овој договор. Тој додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има принципиелен став и нема повеќе да се толерира кршење на деловникот и процедурите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This