ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на СДС ја претвора Македонија во голема еколошка катастрофа – пожарите горат, СДС се чешла

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неспособноста и неодговорноста на СДС ја претвора Македонија во голема еколошка катастрофа.Од непосветената влада на СДС досега наместо проекти гледаме само диви депонии, депонии кои горат, а никој не ги гаси, и пожари на скоро секој дел од нашата земја кои СДС не може да ги угаси, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пожарите горат, а владата на Заев се чешла. Неспособната влада дозволи и најмал пожар да се прошири во сериозни размери. Тоа се случи со пожарот во Зрновци, во Ѓорче Петров, како и со пожарот во Македонски Брод кој веќе неколку дена се шири, а владата на СДС не се потруди да го запре и угаси бидејќи за нив се побитни луксузните вечери со Каракачанов отколку здравјето на граѓаните. Додека граѓаните деноноќно се гушат во чадот од депониите во Струга, Арачиново и Тетово, функционерите на СДС си организираат средби со разно разни амбасадори по луксузни хотели и јадат октоподи и морски плодови, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за овие неполни 2 месеци поради својата негрижа и неажурност 26 министри во владата на Заев со него на чело дозволија во секое место од државата да се случува еколошка катастрофа. Граѓаните да бидат оставени сами на себе и самите да се справуваат со овие еколошки проблеми.

-ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија која служи на граѓаните ги повикува сите невладини организации на Соросовата фондација кои се фалат дека се грижат за здравјето на луѓето и животната средина да се огласат и да ја осудат неработата на владата на СДС. Доколку тоа овие невладини организации не го сторат на македонската јавност ќе и докажат дека биле и останале мегафони во рацете на СДС кои служеле само да ја критикуваат владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението.

Време е СДС да ги засука ракавите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, и да почне да работи во корист на граѓаните, а не да се однесува како да е од друга планета и ништо да не работи.

-СДС многу брзо ќе сноси политичка одговорност, на локалните избори народот ќе му ја испрати пораката на незадоволство од неспособниот премиер Заев, кој ќе биде поразен и делегитимиран, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This