April 25, 2024, 11:26 am

ВМРО-ДПМНЕ: Не може да има раст на економија, кога kpиминалниот октопод Зоран Заев рekетира кого ќе стигне

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ откако дојде на власт македонската економија го допре дното, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според последните информации во вториот квартал оваа година, фирмите во земјата уплатиле 1/3 помалку данок во однос на истиот квартал лани. Даночните приходи во вториот квартал од 2019 година номинално забележале просечен пад од 3,4%. Најголем е падот кај данокот на добивка. Фирмите во Република Македонија уплатиле за 32% помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал од претходната година, а во услови на проектиран раст од 3,5% кај приходите од овој данок за цела 2019 година. Поради лошите политики на Зоран Заев над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и не мислат како власта дека економијата блеска, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека поради лошата економија околу 18.500 македонски државјани кои лани заминале за Германија, приближно 8.000 не се вратиле.

-Втор месец по ред, градежништвото во Република Македонија забележува двоцифрени стапки на пад, поточно пад од 10% во април и дополнителни 20% во мај. Не може да има раст на економија, кога kpиминалниот октопод Зоран Заев реkетира кого ќе стигне. Нема бизнис во државата кој не е изрekeтиран. Парите секојдневно во државата се трошат на рekeти и наместени тендери. Оваа влада донесе само понижyвање, немaштија и неработа. Оваа влада поради кkoупција, лоши политики треба си поднесе веднаш оcтавка, потребни се предвремени парламентарни избори што е можно поскоро, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This