ВМРО-ДПМНЕ НЕ САКА ДА ОДИ ВО ПАРИЗ: Нема да дозволиме „Пржино 3“, за името немаме намера да разговараме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опозицијата смета дека во секоја држава за важните теми треба да се води дијалог во рамките на државните институциите, а не во странство и на недефинирани средби. ВМРО – ДПМНЕ во моментов не ја гледа потребата од, ниту ја знае темата за друг вид на средби.

Од партијата немаат ништо против политички дијалог, но според соопштението од партијата повторување на „Пржино“ во или надвор од Македонија е „непотребно и неприфатливо”.

„Ние сме за разговори со парламентарното мнозинство, но преферираме тој дијалог да биде во рамките на државните институции. За прашања како што е спорот околу името, остануваме на ставовите дефинирани во нашата програма. ВМРО ДПМНЕ се уште нема прецизни информации околу темите на кои би се разговарало во Париз, па во овој момент не би можеле априори да се произнесеме. Откако ќе се детализираат работите би излегле со конечен став во врска со евентуалните средби со партиите од мнозинството“, велат од партијата на Груевски.

Соопштението на опозицијата дојде веднаш откако беше објавена начелна согласност од сите политички партии застапени во Собранието за прифаќање на дијалогот „Жан Моне“, изјави пак денеска известувачот на ЕП за Македонија, Иво Вајгл.

Тој во Скопје водеше дводневните разговори со координаторите на пратеничките групи во македонскиот законодавен дом.

За можен датум за одржување на средбата, Вајгл најави дека тоа е последната недела од јануари. Тема на првиот состанок ќе биде Деловникот на Собранието и Етичкиот кодекс за пратениците како и владењето на правото.

Состанокот треба да биде во формат по еден координатор и еден пратеник од пратеничката група. На состанокот ќе присуствуваат и Џафери како претседател на македонскиот Парламент, еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, како и претставник од Владата и од Парламентот на Франција како земја

31 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This