April 20, 2024, 11:22 am

ВМРО-ДПМНЕ: Никој не му дал право на Зоран Заев да отпочне разговори и дебати за промена на националните обележја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 Прифаќањето на промената на парите, прифаќањето на промената на химната, на грбот и на знамето е надвор од секоја здраворазумска логика. Таквиот чин е во директна спротивност со државните и национални интереси! Никој не му дал право на Зоран Заев да отпочне разговори и дебати за промена на националните обележја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

darko-kostovski-640x354

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Никој не му дал на Заев овластувања да ги осуди борците од Народноослободителната борба дека извршиле геноцид врз Албанците!

Секој ден станува се појасно зошто Заев не сака да ја каже цената за добивањето на потписите и поддршката за формирање на идната Влада. Народот гледа дека се што е договорено е на штета на Република Македонија и Македонскиот народ!

Народот гледа дека Заев се чувствува пријатно и во друштво на политичари кои го негираат неговиот идентитет и тврдат дека пред сто години не постоеле Македонци. Зоран Заев ќе ги прифати и нивните тврдења само за да обезбеди потпис повеќе со кој би дошол на власт. Негирањето на државата, на химната, на знамето и на грбот за Зоран Заев и СДСМ не се проблем доколку им помогнат да состават Влада. Толку е патолошка неговата потреба да се дограби до власт.

Логиката на Зоран Заев е тој да ја води владата па макар таа била и тиранска. Тој да дојде на власт па макар цената била и целосно прифаќање и реализирање на елементите од тиранската платформа.

СДСМ е уценета партија. Нејзиното раководство е до гуша заглавено во скандали и криминали и затоа е подготвено да ја прифати Тиранската Платформа која директно задира во националните и државните интереси.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев исплашен за истрагите за криминал кои се водат против него е подготвен да преговара и договара нови национални симболи, знаме, грб и химна, по насоките содржани во Тиранската платформа, обмислена од странски Премиер, потпишана во странска држава.

Ова веќе нема никаква врска со лагите кои ги кажуваше во изборите „За Живот во Македонија“, за повисок стандард, за еднаква Македонија за сите. Ова веќе е претворање на Македонија од едно мултиетничко општество во бинационална држава.

Прифаќањето на Тиранската Платформа од страна на СДСМ ќе значи редефинирање на Македонија од која нема назад.

ВМРО-ДПМНЕ му нуди рака на СДСМ за спас од уцените и за спас на Македонија од разнебитување. Тиранската Платформа не беше изборна Програма ниту на СДСМ ниту на било која политичка партија во Македонија и е целосна изборна измама после изборите. Тоа е спротивно на принципите на парламентарната демократија.

СДСМ може да ја прифати понудата за распишување на нови парламентарни избори заедно со локалните, каде граѓаните ќе гласаат и за тиранската платформа.

Доколку СДСМ се сомнева дека платформата од Тирана е штетна тогаш го повикуваме да се откаже од сите нејзини елементи по што ќе ги поддржиме да формираат влада без уцени.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This