ВМРО-ДПМНЕ: Новата северно-корејска влада на Република Македонија почна на дело да го спроведува медиумскиот мрак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДС не е реформска, туку цензорска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сведоци сме на почетокот на медиумскиот мрак кој на дело го спроведува новата северно-корејска влада на Република Македонија. Имено вчера неколку македонски медиуми објавија дека раководни лица во Владата селективно забраниле пристап на компјутерите на вработените до порталите Курир, Инфомакс, Јавно, ТВ Нова и уште десетина други. Зоран Заев мисли дека ако се читаат само Плусинфо, Либертас, А1ОН и останатите портали финансирани од СДС/Сорос тогаш ќе ги сокрие криминалите и деструктивните политики, а јавноста нема да знае за одбивањето да се укине радиодифузна такса, да се продолжи породилното или да се сработи било што од корист за граѓаните, истакна денеска Коче Гаврилов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Гаврилов, скандалозно е само по себе цензурирањето кое на дело се спроведува.

-Денес тоа е забрана во Владата на Република Македонија, утре тоа може да се однесува на сите државни институции, а на крај може да заврши со целосна забрана за нивно работење. Се уште се свежи сеќавањата за директните закани кои ги добиваа новинари од овие медиуми, на кои им праќаа пораки дека ќе ги влечат по улици, на кои им кршеа простории и на кои директно вербално, па дури и физички им се закануваа. Оваа северно-корејска матрица на работење на СДС и новата влада покажува дека тие само лицемерно зборуваа за демократија и отвореност кон критики, а всушност подготвени се на целосна ликвидација на медиумите кои известуваат за нивната работа објективно.

Медиумите не се и не смеат да бидат третирани како политички непријатели, додаде Гаврилов, а уште помалку да се ограничува нивното работење и пристапот на информации.

-Ова отвора сомнеж дали владата на Заев во пресрет на своите антидржавни потези кои планира да ги спроведе има намера да ги замолчи медиумите кои не се согласуваат со нивната деструктивна политика. ВМРО-ДПМНЕ бара сите новинарски и медиумски здруженија да ја осудат ваквата постапка на владата. Овој тоталитарен потег е спротивен на сите демократски и европски вредности.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This