ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА ЗА ПАРТИЗАЦИЈА НА СУДСТВОТО: Сопруги, кумови и разни други роднини ќе раководат со судовите низ државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судскиот совет на Република Македонија денеска ја објави вчерашната одлука за избор на претседатели на Апелацискиот суд во Штип и на основните судови во Куманово, Тетово и Ресен.

За претседател на Апелацискиот суд Штип е избран судијата Наке Георгиев, за претседател на Судот во Ресен е избрана Емел Кранли Али, Снежана Манев е избрана за нов претседател на Основниот суд Куманово, а Хасан Асани за претседател на Основниот суд Тетово. Претседател на Основниот суд Дебар не е избран поради тоа што кандидатите не го добија потребното мнозинство гласови согласно законот.

На седницата донесени се одлуки за избор на судии за Врховниот суд на РМ, за Апелацискиот суд Скопје, како и за основните судови во Велес, Битола, Тетово и во Основниот суд Скопје 2.

Членовите на Советот го избраа судијата Африм Фидани во кривичната област за Врховниот суд на Република Македонија, во битолска Апелација за кривична област е избран судијата Александар Камбовски, судијката Тања Милева за кривична област е избрана во скопска Апелација, додека пак за граѓански предмети ги поддржаа кандидатурите на судиите Зоран Герасимовски и Мелек Алија Елези.

На седницата беше констатиран престанок на функција на судии-поротници во Апелацискиот суд Штип поради истек на мандатот и притоа донесена е Одлука за избор на нови судии-поротници во овој суд.

Судскиот совет донесе Решение за престанок на судиска функција на Милка Ангеловска Васевска, судија на Основен суд Скопје 1 Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија.

Членовите на Советот дадоа согласност за ангажирање за вршење високообразовна дејност на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје во учебната 2017/2018 година за судијките од Основниот суд Скопје 2, Софија Миленкова, Цветанка Сиљаноска Костадиновска и Антоанета Димовска, како и за судијката Лидија Димчевска од Апелацискиот суд Скопје.

На одлуката на Судскиот совет остро реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која ја обвини партијата на власт за невидена партизација на судството.

„Судскиот совет отворено и под политички диктат го прекрши законот за судови во делот за избор на судии. Согласно член 46 став 1 алинеја 2 од законот за судови за судија за Апелациониот суд може да биде избрано лице кое: е оценет со највисока позитивна оценка и во однос на другите пријавени лица има добиено најголем број на бодови. Новоизбраните судии кои ги избра владата на Зоран Заев имаат помали оценки и помал стаж. Судии со дупло помал стаж и драстично помалку бодови се избрани за судии во Апелација. Тоа е така бидејќи зад нив стои партијата на власт. За судии во Апелациониот суд се избраа сопругата на членот на ДИК од СДС, Тања Милева и кумот на висок функционер од СДС, Зоран Герасимовски“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува Јавното обвинителство да реагира, и да го испита работењето на дел од членовите на Судскиот совет и јасното кршење на законот за судови член 46 став 1 алинеја 2.

-Со оваа одлука која е донесена од страна на владата на СДС очигледно се нарушени и барањата за реформи и препораките на Прибе, со што ВМРО-ДПМНЕ повикува и на реакција на Европската Комисија и сите релевантни субјекти на меѓународната заедница, велат од партијата.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This