ВМРО-ДПМНЕ ОБЕЛОДЕНИ НОВ СЛУЧАЈ НА БОГАТЕЊЕ НА ДРЖАВНА СМЕТКА: Зоран Заев на Анѓушев преку непосредна спогодба на седница на Влада му доделил околу 2000м2 долготраен закуп на градежно земјиште

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако Вицепремиерот Кочо Анѓушев тврдеше дека сите одлуки што се носеле во врска со хидроцентралите „Тополки“ биле кога тој не бил член на Владата. Веднаш да расчистиме, лаже, изјави на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Како што изјави Арсовски, одлуката на неговиот колега министер Садула Дураку за продолжување на рокот за градба на хидроцентралите со анекс договор била токму во 2018 година кога Кочо Анѓушев веќе е вицепремиер.

Се отвора сомнеж дека Кочо Анѓушев влијаел врз неговиот колега Садула Дураку да му се продолжи рокот за градба на хидроцентралите од 3 на дури 5 години, рок кој во договорот за концесија кој што е претходно склучен е утврден во член 68 и е само 3 години. Оттука се продолжува на 5 години бидејќи не биле испочитувани сите делови од договорот. Но, тоа ќе го истражат и расчистат антикорупционерите, а ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе ги доставиме деновиве сите документи кои ги поседуваме и кои ќе можат да им користат во истрагата на ДКСК, изјави Арсовски.

Тој нагласи дека ВМРО ДПМНЕ денеска ќе апелира до антикорупциската комисија да отвори и разгледа уште еден случај за давање согласност по долготраен закуп на градежно земјиште на фирмата МХЕ Падалишка ДОО Скопје, хидроцентрала во која повторно се јавува како сопственик Кочо Анѓушев и неговиот брат Тодор Анѓушев.

Зоран Заев на 28 јануари оваа година, преку непосредна спогодба на седница на Влада им доделил околу 2000м2 на фирмата МХЕ Падалишка која е на неговиот вицепремиер Кочо Анѓушев. Повторно имаме случај кој треба антикорупционерите сериозно да го разгледаат и да проверат дали можеби и во овој случај со хидроцентралата Падалишка се продолжувани рокови за градба со анекс договори.

Иако Кочо Анѓушев ја убедуваше јавноста дека нема повеќе да учествува со своите фирми секаде каде што ќе има контакт со државата, сега гледаме дека се случува спротивното. Повторно сомнеж за з лоупотреба на позицијата вицепремиер и повторно сoмнеж за извршено влијание од страна на Кочо Анѓушев, изјави Арсовски.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека сите документи кои ги поседуваат ќе бидат доставени до антикорупционерите, а понатака ќе и бидат и достапни на увид на јавноста.

Засега ги охрабруваме антикорупционерите да не подлегнуваат под притисоци и да ги расчистат сите со мнежите на каков начин е влијаено врз овие процеси за концесија, рече Арсовски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This