April 25, 2024, 12:28 am

ВМРО-ДПМНЕ обjaви нoв дoкyмeнт зa кинecкитe вakцини, Миниcтepcтвoтo зa здpaвcтвo твpди дeкa тoa e гoлeмa лaгa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска го продолжи серијалот обвинувања околу набавката на кинеските вакцини тврдејќи дека министерот за здравство сакал да ги купи по многу повисока цена. Министерствотo за здравство на тоа одговори дека се работи за лажен документ и дека опозицијата со тоа сака да ѝ наштети на вакцинацијата во земјава.

ВМРО-ДПМНЕ објави документ, наводно од Дојче банк, во кој стои дека Филипче уплатил Барајќи го правиот пат, уплатил ли Венко Филипче на сметка на Стабри Интернешенал 12,5 милиони евра на сметка на фирмата „Стабри интернешенел“ од Хонгконг за купување на 200.000 вакцини од „Синофарм“. Партијата изјави дека „ова е доказ дека Заев и Филипче плаќаат 62.5 долари за една вакцина. Податоците кои ги објавуваат медиумите е дека една вакцина на ‘Синофарм’ чини најмногу до 32 долари“.

Министерството за здравство веднаш ги демантираше овие наводи: „Министерството за здравство категорично ги демантира и осудува пласирањата на лажните документи кои опозицијата и медиуми блиски до нив ги прикажуваат дека се составен дел од процесот за набавка на вакцини против Ковид-19. ВМРО-ДПМНЕ свесно сака политички да профитира по цена да се наруши договорот за набавка на вакцини и по цена на здравјето на граѓаните. На помош на опозициската партија се и некои медиуми кои единствено од за нив разбирливи причини објавија таканаречен документ, кој е лажен, на ниту еден начин не е поврзан со процесот за набавка на вакцини, како што сакаат да и прикажат на јавноста. Во тој нивни ‘доказ’ се спомнува сума која е лажна иако сакаат да ја прикажат како цена за купување на вакцини. Партијата ВМРО-ДПМНЕ и медиуми блиски до нив сакаат да одржат во живот афера која не постои, сакаат да пласираат во јавноста криминал кој не постои, сакаат да спречат Владата и Министерството за здравство да купат вакцини против Ковид-19. И ВМРО ДПМНЕ и медиуми блиски до нив многу добро знаат дека процесите за набавка на вакцини се доверливи, посебно цените на вакцините тоа е глобална политика на сите производители, но и покрај тоа свесно се обидуваат преку лажни информации да наведат дека, од една доверлива постапка излегуваат податоци и документи во јавност“, стои во реакцијата на Министерството за здравство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This