ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката Рашковски да биде пуштен во домашен притвop е уште еден доkaз дека cyдовите играат како што свири Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката да биде пуштен Драги Рашковски во домашен притвор е уште еден показател за заробениот правен систем од страна на Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната одлука поранешниот генерален секретар да се брани од слобода. .

Оваа одлука денес сама по себе е скандал, бидејќи покажува дека кога Заев те брани, тогаш криминалот се простува. Постои сериозна основа да се сомневаме дека Заев има вмешано прсти во ваквата одлука. Јавноста со право се сомнева и дека на овој начин може да се влијае врз сведоците и врз доказите, а со тоа и врз целиот судски процес, се вели во партиското соопштение.

Очигледно, како Заев свири, така судовите и обвинителството играат. Да потсетиме дека пред недела дена Заев изјави дека Рашковски не ја злоупотребил функцијата во случајот со набавката на софтвер и дека не верува во обвинението против него и денес гледаме како на Рашковски му се дозволува да биде во домашен, а не ефективен притвор.

Посебна приказна е висината на кауцијата од половина милион евра која Рашковски ја обезбедил, иако цел живот работи за плата исто како што е сомнителен и целиот имот кој што успеал да го стекне. Но тоа што сите го гледаат, судството кај нас не го гледа.

Ова е причина плус зашто мора да замине Заев од власт. 4 години власт на Заев се 4 изгубени години. Доста е!, апелираат од ВМТО-ДПМНЕ

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This