ВМРО-ДПМНЕ ОД ПРОБИШТИП ОБЈАВИ СКАНДАЛ: Фирма стара пет дена добила дозвола да биде единствен угостител за празникот Мала Богородица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деновиве, кога во чест на големиот празник Мала Богородица, реки од народ се слеваат во нашиот бисер Лесново, неможеше а да не биде забележан намерно направениот монопол од страна на локалните власти во Пробиштип – пишуваат од локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип

Доколку 21 Септември беше празник на кој што сите се сплотувавме, беше ден на кој повеќе од 10.000 граѓани на Македонија го посетуваа Лесновскиот Манастир за сите заедно да го прославиме Рождеството на Пресвета Богородица, сега е ден на кој што локалните власти гледаат само како бизнис идеја за поголем профит во нечии џебови, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Пробиштип на социјалните мрежи.

Од “непознати” причини, оваа година имаше монопол во делот на угостители, па така “другарот” потпомогнат од Градоначалникот Анастасов го имаше окупирано целиот простор околу месната канцеларија и паркингот под игралиштето во Лесново, а разликата од сето тоа ја плаќаа само жителите на општина Пробиштип.

Имено, чувствуваме должност да ги известиме жителите на Пробиштип дека фирма стара само 5 дена (според податоците од Централниот регистар) го добива бизнисот за стопанисување со туристичкиот објект во с.Лесново. Фирма која што е регистрирана на 19 Април 2018, веќе на 24 Април 2018 го добива реновираниот објект на месната канцеларија во с. Лесново со површина од 151м2.

Фирмата која што го добива овој објект е регистрирана на име на В. К., татко на Д. К., активист на СДСМ Пробиштип и другар на актуелниот Градоначалник, Драган Анастасов – Ладич.

За да биде случајот уште поинтересен, за само неколку дена после овој случај, односно за само две недели, на 8 Мај 2018, општина Пробиштип, претставувана од Градоначалникот на општината, Драган Анастасов и ДПТУ “Ресторант ИНКА ПРОМ” ДООЕЛ од Пробиштип, склучуваат Договор за угостителски услуги во вредност од 240.000 денари.

Ова ли е ДОМАЌИНСКОТО И ОДГОВОРНО РАБОТЕЊЕ!!!

За сите овие слични вакви постапки, а и многу други, кои допрва ќе бидат објавени, НЕКОЈ ЌЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ! НЕКОИ РАБОТИ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ! – додаваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This