ВМРО-ДПМНЕ: Осумте пратеници кои го изневерија народот да ги вратат своите мандати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ИК побара 8-те пратеници коишто мандатот го добија затоа што беа на листата на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а го изневерија народот како и програмата заради која што се избрани, веднаш да поднесат оставки на своите позиции, затоа што работат спротивно на волјата на граѓаните, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски по состанокот на партискиот Централен комитет.

Тој додаде:
Тие кои учествуваа во нивно убедување, уценување, поткупување, па дури и физичка закана дел беа разрешени, а за дел бараме од општинските комитети да ги исклучат од членството. ЦК го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да ги истражи наводите за притисоци, закани, уцени и поткуп на пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ, како што најави Николовски ќе ги исклучи од партијата сите што во иднина ќе гласаат за уставни измени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This